Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола се сети на времето кога беше предводник на тимот на Барселона.
Тоа беше периодот кога Лионел Меси на големо се претставуваше на светската фудбалска сцена, а сега е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.
Пеп седна на клупата на Барселона во 2008 година, a сега даде навистина интересна изјава поврзана со Меси.
„Ми кажаа дека има еден неверојатен фудбалер. Ми беше кажано дека е многу мал, но дека постигнува многу голови и многу дрибла. Не го знаев, еден ден го видов со татко му на продавница во близина на стадионот. Видов дека е мал и срамежлив и помислив дали навистина е добар како што велат. Меѓутоа, ја почнавме сезоната во Шкотска и даде три гола. Помислив дека ос него можеме да освоиме се“ –изјави Гвардиола.