Интересна сцена на „Стемфорд бриџ“: Излезе на теренот и почна да вика! 📸

Челси се пласираше во финалето на Лигата на шампиони (ЛШ) откако вчера на домашен терен го совлада Реал Мадрид со 2-0 и со вкупни 3-1 го елиминираше од натпреварувањето.

Тимот на Томас Тухел уште еднаш одигра одличен натпревар и ги растури „кралевите“ од Мадрид, кои на крајот можат да бидат среќни што примија само два гола.

Интересна сцена се случи по натпреварот на „Стемфорд бриџ“, кога Тухел тргна да слави со играчите, а потоа се одвои од другите.

Додека речиси сите заминуваа кон соблекувалната, Тухел излезе сам на теренот и почна да вика од среќа, а на таков начин покажа колку му значи големиот триумф на неговиот тим.