Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Арсенал пропушти шанса да им избега на ривалите во борбата за топ-4, откако денеска беше поразен од Евертон со 0-1 на „Гудисон парк“, а во финишот од мечот својот бес го покажа Месут Озил.
Тренерот Унај Емери реши да го замени Озил во 74. минута од мечот и на негово место да го пушти Алекс Ивоби, а тоа очигледно ниту малку не му се допадна на Озил.
Озил седеше на клупата, а потоа реши да го истури бесот, така што ја фрли јакната кон Емери, но не успеа да го погоди.
Доколку навистина го гаѓаше него во оваа ситуација, тогаш тоа дефинитивно значи дека ова е крајот за Озил во Арсенал.
Mesut Ozil launching his jacket at Unai Emery ? pic.twitter.com/wZiIKhMjrt
— Sean Kearns (@SeanPaulKearns) April 7, 2019