Инциденти во Бразил: Навивачите создадоа хаос, еден од нив го покажа задникот на полицијата (Видео)


Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓


Фудбалерите на Атлетико Паранаенсе беа поразени на домашен терен од Ред Бул Брагантино со 2:1, во директна борба за опстанок. Сега Атлетико има само еден бод помалку во однос на споменатиот клуб од Брагантино кој се наоѓа во зоната за испаѓање, и тоа едно коло пред крајот на првенството.

Тоа воопшто не им се допадна на домашните навивачи кои поради се што видоа сакаа да влезат на теренот, а тогаш се вмеша и полицијата по што настана целосен хаос.

Меѓу бесните навивачи на домашниот тим имаше и еден кој го искажа своето незадоволство така што го покажан задникот на полицијата.