Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Кајри Ирвинг привлече интерес од многу екипи летово, но реши да остане во Далас маверикс за да му помогне на Лука Дончиќ во битката за шампионскиот прстен.
Искусниот бек се согласи да потпише нов тригодишен договор со Далас вреден 126 милиони долари, а во него е вметната и клаузула според која може да го прекине по втората сезона.
Ова е вториот најбогат договор во Тексас потпишан од стартот на преодниот рок, откако неколку часа претходно Фред Ванвлит се пресели во Хјустон рокетс за 130 милиони долари за три години.