Ирвинг: Коби мора да биде на новото лого на НБА-лигата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кајри Ирвинг на својот профил на Инстаграм објави дека НБА мора своето лого да му го посвети на Коби Брајант.

Кошаркарот на Бруклин нетс порача дека тоа би било најдобро нешто за лигата, а притоа ќе се покаже почит кон легендата.

Во моментов на логото на НБА-лигата е Џери Вест, легендарниот кошаркар кој претходно порача дека Мајкл Џордан треба да биде на тоа место.