Ирвинг му го расипа роденденот на Дончиќ (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Далас маверикс загуби од Индијана со 122-124 на роденденот на Лука Дончиќ, кој запиша 39 поени, девет скокови и шест асистенции.

Индијана водеше во текот на целиот натпревар, а Далас во последната четвртина стигна на еден поен негатива (120-121), но следните шест удари беа непрецизни, а во најважниот момент Кајри Ирвинг ја презема одговорноста и промаши.

Ирвинг запиша само 16 поени и девет асистенции за Далас, додека кај Индијана најдобар беше Тајриз Халибуртон со 32 поени.