Исчезна фудбалер на Партизан!?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Голема паника се крена во Србија, откако тренерот на Партизан, Игор Дуљај кажа дека не знае каде е неговиот напаѓач Фусени Дијабате.

Дијабате бил ослободен за време на репрезентативната пауза, по што му се губи секоја трага и 10 дена не можеле да го контактираат.

Фудбалерот не се појавил на мечот меѓу Мали и Гамбија, а тренерот Дуљај кажа дека не знае каде му е напаѓачот, по што мистеријата ја реши спортскиот директор на Партизан, Милош Вазура.

Вазура откри дека починала бабата на Дијабате и затоа не можеле да стапат во контакт со него, но го очекуваат да се врати во Србија наскоро.