Иско на неверојатен начин избегнал трансфер од Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Реал Мадрид, Иско на интересен  начин избегнал потенцијален трансфер од клубот.

„Марка“ пишува дека во текот на летната пауза Иско го исклучил телефонот за да не може никој да го вознемирува околу потенцијални трансфери и така ќе остане до крајот на преодниот рок.

Иско порачал дека не сака да замине, иако имало интерес за него. Исто така, еден од милениците на тренерот Зинедин Зидан и понатаму ќе му дава шанса во тимот.

Одличниот фудбалер имал лоши искуства со претходните тренери, посебно тоа се однесува на Сантијаго Солари, кога беше на праг да го напушти клубот.

Меѓутоа, тоа се промени со враќањето на Зидан и сега Иско ќе добие важна улога во екипата.