Искри на теренот меѓу Јокиќ и Гобер, а потоа голем гест на српскиот кошаркар (Видео)


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Во претсезонската серија, Денвер Нагетс започнаа со пораз, губејќи од Минесота Тимбервулвс со 116-126. Натпреварот беше полн со интересни моменти, но она што најмногу го привлече вниманието беше однесувањето на Никола Јокиќ.

По само три минути игра, српскиот ас ја прими топката свртен со грб кон Руди Гобер. Во обид да се избори за подобра позиција, неговата рака случајно го удри францускиот центар по лицето, но судиите не сметаа дека постои потреба за интервенција.

Кратко потоа, Гобер возврати со силен удар кога Јокиќ се обидуваше да влезе под кошот, што можеше да доведе до посериозен инцидент. Наместо тоа, ситуацијата доби поинаков развој. Јокиќ му ја подаде раката на Гобер и двајцата се прегрнаа.