Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓
Искусниот англиски судија, Кејт Страунд беше главен делител на правдата на вчерашниот воведен натпревар од Чемпионшип лигата меѓу Вотфорд и Миделсброу.
Вотфорд славеше со 1:0, а освен резултатот она што го обележа натпреварот е и грешката на главниот судија кој уште на стартот го прекрши строгиот протокол за Ковид-19.
Страунд на стартот ја бакна топката што е изрично забрането со новите правила, а според „Сан“ тој сега ќе заработи суспензија, а во најмала рака ќе биде парично казнет.















