Исланд е последна пречка: Македонија со триумф ќе урне неколку рекорди!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонија никогаш не била толку блиску до бараж за пласман на Светското првенство (СП), а за тоа ни треба победа против Исланд во последниот натпревар во недела од 18 часот.

Репрезентативците имаа одличен меч во Ереван против Ерменија и ја здробија со 5-0, па така направија исчекор во битката за второто место во групата, додека првото е резервирано за Германија.

Доколку славиме против Исланд ќе имаме најдобри квалификации во историјата. Исто така, имаме рекорд по број на дадени голови на гости, а тоа се 15.

Македонија претходно го урна рекордот по број на освоени бодови во еден циклус, па сега имаме и 15 бода во групата.

Досегашниот рекорд по број на победи во едни квалификации е четири, но со триумф против Исланд и тој рекорд ќе биде поставен.

ФОТО: ФФМ