Истанбул гореше, но Галасарај не можеше до сензација против Барселона (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Барселона во реваншот од осминафиналето на Лига Европа го совлада Галатасарај со 2-1 во Истанбул и се пласираше во следната фаза од натпреварувањето.

Спектакуларна атмосфера ја дочека Барселона во Истанбул, а домаќините тргнаа офанзивно и до гол стигнаа во 28. минута, кога Маркао ја погоди мрежата на гостите.

Радоста на домаќините траеше многу кратко, затоа што потоа неверојатен гол постигна Педри за 1-1.

Барселона со нерешен резултат замина на полувреме, а на стартот на вториот дел преку Обамејанг погоди за 2-1 и тука го реши победникот во дербито во Истанбул.