Истанбул „гори“: Галатасарај ја слави шампионската титула во Турција! (ВИДЕО)


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Галатасарај со победата од 2-1 против Башакшехир ја освои шампионската титула во Турција.

Екипата на Фатих Терим со пресврт освои важни три бода во дуелот против директниот ривал за титулата и на крајот ја освоија 22. титула во Турција.

Секако, откако заврши мечот, продолжи прославата, па имаше спектакуларен огномен врз „Турк Телеком Арена“, а на улиците на Истанбул имаше еден куп луѓе.

Голем број навивачи на турскиот гигант излегоа на улиците, па нивните автомобилски свирки се слушаа низ улиците.