Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Португалија со победа против Гана го почна Мундијалот во Катар, а Кристијано Роналдо се запиша во историја.
Пред натпреварот можевме да забележиме солзи на очите на Роналдо, а првото полувреме ни донесе голем број шанси за Португалија кои не беа искористени.
Во 63. минута конечно Португалија постигна гол, и тоа преку Роналдо кој стана единствен фудбалер со голови на пет Мундијали.
Не траеше долго радоста на Португалците бидејќи осум минути подоцна Ају погоди за 1-1, но сепак Феликс и Леао стрелаа за водство од 3-1 на нивната селекција.
Гана во финишот постигна уште еден гол, и тоа преку Букари за 2-3 за неизвесност до крајот.