Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кошаркарите на Далас Маверикс синоќа стигнаа до победа во гости над Детроит Пистонс со резултат од 122:111, а младиот Словенец, Лука Дончиќ, го одигра еден од најдобрите натпревари во неговата кариера.
Далас секоја четвртина ја зголемуваше својата предност и во последната четвртина влезе со 10 поени повеќе, што им даде можност полабаво да играат во последните 12 минути и на крајот да дојдат до сигурна победа.
Дончиќ повторно беше одличен и постигна неверојатно достигнување. Младиот Словенец успеа да стигне до 41 поен, 12 скокови и 11 асистенции. Во Далас исто така расположен беше и Кари со 30 поени. Кај домашната екипа најдобар беше Друмонд со 23 поени и 15 скокови.
Инаку, Дончиќ со овој натпревар сруши неколку рекорди. Со оглед на тоа дека натпреварот е одигран во Мексико Сити, Дончиќ стана првиот кошаркар од НБА Лигата кој има остварено triple-double достигнување надвор од САД и Канада. На Дончиќ ова му е седмиот triple-double за оваа сезона со што стана рекордер над играчите кои сеуште немаат полни 22 години. Со тоа ги стигна Леброн Џејмс и Мајкл Џордан кој пред да наполнат 22 години имаа запишано по шест triple-double достигнувања. Дончиќ ова го постигна на само 20 години.