Историска ноќ за Меси: Аргентинецот сруши рекорд на Маскерано 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Аргентина го потврдија првото место во групата со триумфот против Боливија од 4-1, а минатата ноќ беше и историска за Лионел Меси.

Најдобриот аргентински фудбалер кој постигна два гола и една асистенција, а потоа го напушти теренот во 64. минута за да се одмори пред почетокот на нокаут-фазата.

Мината ноќ беше историска за Меси откако стана рекордер по број на настапи за Аргентина со 148 одиграни натпревари, па така го надмина поранешниот соиграч Хавиер Маскерано.

Меси најпрво во шестата минута му асистираше на Гомез за 1-0, а до полувреме погоди од пенал во 33. минута.