Историска одлука: Манчестер Сити ќе остане без 60 бодови и ќе се пресели во понизок ранг!?


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Оддамна трае правната битка меѓу Манчестер Сити и Премиер лигата за наводни финансиски прекршоци на тимот од Етихад.

Неодамна, Манчестер Сити со 2:0 го победи Арсенал во финалето на Карабао купот, но сè се случува во сенка на 115 обвиненија и истрага за овој случај.

Бидејќи е во тек репрезентативна пауза и нема натпревари во лигата, вниманието се врати на разговорите на независниот панел.

Освен тоа, многумина очекуваат одлука за пресудата во овој случај, што може да ја одреди сезоната, па можеби и историјата.

И покрај расправите кои траеја 12 седмици и завршија пред речиси 18 месеци, пресуда сè уште нема.

Сепак, последните информации од Англија се навистина шокантни за сите во Манчестер Сити.

Имено, Манчестер Сити наводно ќе биде казнет со одземање дури 60 бодови затоа што ќе биде прогласен за виновен поради кршење на 115 точки од финансискиот фер плеј.

Официјално тоа треба да биде објавено пред крајот на сезоната, што ќе биде жесток удар за Манчестер Сити.

Тоа би значело дека ќе бидат на дното на табелата и сигурно ќе испаднат од Премиершип и следната сезона ќе играат во Чемпионшип.