Историски момент: Левандовски го надмина Милер со гол во 90. минута 🎥


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Роберт Левандовски стана човек со најмногу голови во една сезона во Бундеслигата. Баерн Минхен славеше со 5-2, а полскиот напаѓач во 90. минута го урна рекордот стар 49 години на Герд Милер.

Левандовски немаше среќа цел натпреварот, зашто голманот на Аугсбург се потруди да му ги одбрани сите удари и да не му дозволи да го урне рекордот на Милер.

Меѓутоа, во 90. минута Левандовски искористи една одбиена топка по шутот на Сае и ја испрати во мрежата за 41. гол сезонава во Бундеслигата.