Италијанците ја покажаа својата класа – нема да одат на Мундијалот!


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Спортските и владини функционери во Италија остро го одбија предлогот на американскиот изасланик Паоло Замполи Италија да го замени Иран на Светското првенство.

„Не е соодветно. Се квалификуваш на терен”, изјави Андреа Абоди, министер за спорт на Италија, додавајќи дека верува дека таква промена од страна на ФИФА “би била невозможна”.

Претседателот на Италијанскиот национален олимписки комитет (КОНИ), Лучано Буонфилио, го изрази своето несогласување, велејќи: “Би бил навреден. Мора да го заслужиш, за да одиш на Светското првенство”.

Министерот за економија Џанкарло Џорџети дополни дека би го било “срам”.