Италија на нозе: Ибрахимовиќ подготвува нешто големо?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Легендарниот фудбалер на Милан, Златан Ибрахимовиќ на почетокот на годината ќе има состанок со раководството на тимот за да го продолжи договорот до 2023 година.

„Газета дело Спорт“ објави дека 40-годишниот фудбалер има договор до крајот на сезоната, а и покрај тоа на „Сан Сиро“ веруваат дека Швеѓанецот може да игра на врвно ниво.

Италијанските медиуми пишуваат дека Милан на почетокот на годината ќе има состанок со Ибрахимовиќ и ќе биде потпишан договор.

Ибрахимовиќ е лидер на „росонерите“, а оваа сезона постигна три гола на шест меча во Серија А, па доколку не се повредува често, сигурно ќе може повеќе да му помогне на тимот.