Италија оди по титулата на ЕП – има осум победи по ред и неверојатни 25-0!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Роберто Манчини го промени менталитетот во репрезентацијата на Италија и стилот на игра на „аѕурите“, па на Европското првенство (ЕП) ќе видиме поразлична италијанска селекција.

Нема да видите Италија која ќе игра на резултат и ќе тактизира, туку ова ќе биде селекција која сака да се натпреварува со секој ривал.

Селекторот на Италија потпиша нов договор со Фудбалскиот сојуз до 2026 година,а  тоа значи дека Манчини ќе ја предводи репрезентацијата низ два циклуси за ЕП и Мундијалот, со јасна цел тимот да ги освои трофеите.

Поранешниот тренер на Интер и Манчестер сити направи голем ремонт во претходните три години, па „аѕурите“ под негово водство имаат 26 позитивни резултати без пораз, а на ЕП заминуваат со осум победи по ред и гол-разлика од 25-0.