Италија распиша потерница: Бивша ѕвезда на Милан ќе заглави во затвор!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот бразилски фудбалер Робињо го допре дното, откако ја загуби и последната жалба во случајот каде што му беше судено за силување на една девојка, па сега Обвинителството во Милано распиша потерница по 37-годишниот Бразилец.

Италијанскиот суд го осуди поранешниот фудбалер на деветгодишна затворска казна, па сега Робињо не би можел да замине од неговата татковина, а ако реши да ја напушти, тој веднаш ќе биде уапсен и испратен во Италија.

Адвокатите на бившиот фудбалер тврдат дека девојката се согласила на интимни односи со фудбалерите, меѓутоа телефонските повици го решија случајот во корист на девојката.

Ова не е првпат Робињо да биде обвинет поради силување, зашто исто така и во Англија го обвини една девојка дека ја нападнал во ноќен клуб.