Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонија славеше со убедливи 5-0 против Ерменија во Ереван, а ни помогна и ремито меѓу Романија и Исланд (0-0) за да дојдеме на чекор до пласман на Светското првенство (СП) во Катар.
Триумф за македонската селекција на домашен терен ќе биде и освојување на втората позиција во групата и обезбедување на бараж за пласман на Мундијалот.
Европската куќа на фудбалот (УЕФА) реши кои судии ќе ни ја делат правдата в недела на натпреварот против Исланд, а тоа се италијанските арбитри Давиде Маса, Даниеле Биндони, Стефано Аласио и Симоне Соза, додека Сандро Шерер од Швајцарија ќе биде ВАР-судија.
Романија ни е единствен конкурент за второто место, а следен противник ќе им биде Лихтенштајн.