Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Поранешниот македонски репрезентативец Горан Пандев денеска го прославува 39 роденден, а честитки му испратија од екипата на Интер и Серија А.
Пандев помина одлични денови во дресот на „нераѕурите“ со кој ја освои тројната круна, а играше уште за неколку екипи меѓу кои се Лацио, Наполи и Џенова во Серија А.
Македонскиот напаѓач во моментов го носи дресот на Парма за која одигра 11 меча и постигна еден гол, додека за Македонија настапи на 122 дуели и постигна 38 погодоци, меѓу кои и најважниот против Грузија во Тбилиси кој нè однесе на Европското првенство (ЕП) минатата година.