Италијанците објаснија зошто Роналдо „ладно“ реагирал на доделувањето на наградите 📷


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во четвртокот во Цирих беше одржана церемонијата за избор на најдобриот фудбалер во светот за 2020 година. на крајот беше решено наградата да ја добие Роберт Левандовски, кој доминираше со Баерн Минхен во претходната сезона.

Покрај Левандовски во конкуренција за наградата беа Кристијано Роналдо и Лионел Меси, но јасно е дека тешко можеа да ја освојат наградата.

Големи критики доби Роналдо поради неговата „ладна“ реакција кога Левандовски беше прогласен за победник. Португалецот го критикуваа зашто не реагирал како треба, но тоа не било така.

Италијанските медиуми пишуваат дека на Роналдо му доцнела сликата на пренос, па не го слушнал веднаш прогласувањето на победникот.