Италијанците открија како се однесувал Ибра во соблекувалната по поразот од Интер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Милан доживеа тежок пораз во борбата за Скудетото од Интер со 0-3. Златан Ибрахимовиќ на стартот на второто полувреме имаше две шанси, но не искористи ниту една од нив.

Стефано Пиоли го замени на средината на вториот дел, а по мечот Ибра не сакаше да даде изјава за медиумите.

Италијанските нвоинари дознале како Ибрахимовиќ се однесувал во соблекувалната откако тоа им го откри Франк Кеси.

„Ни кажа дека таков е фудбалот. Дека боли секој пат кога ќе загубите, но треба да ја кренете главата и да продолжите посилно од претходно“, вели Кеси.

Милан во моментов има четири бодови помалку од лидерот Интер во трката за Скудетото.