Италијанците променија правило во Серија А поради – Михајловиќ и Сари


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Српскиот тренер Синиша Михајловиќ, кој е на кормилото на Болоња, се бори со опасната болест леукемија, но и покрај тоа не се откажува од неговата работа, која според новите правила на Серија А ќе може да ја извршува.

Италијанските медиуми пишуваат дека терапијата оди во добар правец на Михајловиќ, но тој и понатаму не може да седне на клупата на Болоња, па така сите дуели ги следи од болничкиот кревет.

Благодарение на промените во Серија А, Михајловиќ како и во италијанскиот Куп, ќе може да биде во постојан контакт со своите асистенти и да им дава совети.

Италијанците им дозволија на тренерите телефонска комуникација со клупата на своите екипи, доколку не се отсутни поради суспензија.

По истиот критериум, ќе му биде дозволено тоа и на Маурицио Сари, кој реши да не го искористи своето право за да ја води екипата против Парма.