Италијанците тврдат: Јувентус му понудил договор на Дибала до крајот на кариерата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пауло Дибала играше одлично во дресот на Јувентус пред да го паузираат првенството, со што си обезбеди нов договор.

Сепак, како што објавија италијанските медиуми, тој договор нема да биде било каков.

Поточно, Јувентус и Дибала, наводно, преговараат за потпишување договор со кој би се обврзал овој фудбалер со Јувентус до крајот на неговата кариера.

Дибала пристигна во Јувентус за 40 милиони евра од Палермо пред скоро пет години, и го покажа целиот свој талент.

Неговиот тековен договор истекува во 2022. година, а веќе започнаа нови преговори во Јувентус и наводно му е понуден фантастичен договор.

Италијанците тврдат дека Јуве му понудил на Дибала договор до крајот на кариерата, заработувајќи седум милиони евра годишно, а бонусите би се менувале во зависност од неговите перформанси.