Италијанец си доби глава во стилот на Зидан од страна на репрезентативец на Ангола (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарот на Ангола, Леонел Пауло направи голема глупост во финишот на мечот меѓу Италија и Ангола на Светското првенство во Кина.

Пауло на 32 секунди пред крајот, кога мечот веќе беше решен, по вербална караница – со глава го удри Алесандро Џентиле.

Ситуацијата многумина ги потсети на познатиот дуел од 2006 година кога Зинедин Зидан со глава го удри Марко Матераци.

Италија на крајот славеше убедливо и најави дерби со Србија за првото место во групата на Мундобаскетот.