Италијаните тврдат: Лука Јовиќ од јануари се сели во Серија А


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ уште во јануари би можел да го напушти Мадрид и да се пресели во редовите на Милан.

Србинот би пристигнал на „Сан Сиро“ на шестмесечна позајмица со право Милан целосно да го откупи неговиот договор на лето.

Јовиќ не се снајде најдобро на „Бернабе“ и досега има одиграно само 11 натпревари за Реал Мадрид на кои главно влегуваше од клупата за резервни фудбалери и на кои постигна само еден погодок.

Карим Бензема е во извонредна форма и токму тоа е причината што Јовиќ не добива голема минутажа од Зидан. Во потрага по поголема минутажа тој побарал да биде пуштенуште во јануари.