Италијанска легенда го критикува Ѓоковиќ: Ако не се вакцинираш, седи си дома!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Адријано Паната, поранешниот италијански тенисер и шампион на Ролан Гарос од 1976 година уште еднаш покажа дека не е љубител на Новак Ѓоковиќ.

Паната и во минатото имаше изјави кои не беа пријателски кон српскиот тенисер, а сега повторно застана на спротивната страна.

Италијанецот не би му дозволил на најдобриот тенисер во светот да учествува во Рим ако не се вакцинира, но сепак Србинот би требало да добие дозвола за настап во главниот град на Италија.

„Мое лично мислење за Ѓоковиќ не се менува. Или ќе се вакцинира или нека си седи дома. Очигледно, не одлучувам јас, но правилата на турнирот мора да бидат според италијанските закони. Ако законот го дозволи тоа, тогаш Новка може да игра“, вели Паната.