Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кристијано Роналдо беше нервозен затоа што не може да игра против Барселона во второто коло од Лигата на шампиони. Каталонскиот гигант славеше на гостувањето во Торино со 2-0, а Португалецот остана во изолација да го гледа мечот.
Роналдо во текот на репрезентативната пауза направи тест на ковид-19 и беше позитивен, а пред неколку дена имаше уште еден тест и повторно доб и ист резултат.
Португалецот се тестираше и на 24 часа пред натпреварот, но резултатите беа позитивни и тој мораше да го пропушти мечот, а притоа испрати и контроверзна порака, која крена голема бура.
„ПЦР-тестот е ср**е“, напиша Роналдо на Инстаграм.
На коментарот на Роналдо се јави италијанскиот доктор Роберто Буриони, кој го исмеа и нападна Португалецот.
„Добредојде колега Кристијано Роналдо во нашата група виролози. Добро ќе ни помогнеш“, порача Буриони.