Италијански министер го нападна Пандев поради прославата против Милан (ФОТО)


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Горан Пандев постигна гол во победата од 2-1 на Џенова против Милан, а тоа го налути Министерот за спорт на Италија, Винченцо Спадафора.

Спадафора не штедеше зборови за да го критикува Пандев, кој голот го прослави со соиграчите, па министерот порача дека македонскиот фудбалер на требало да се гушка поради епидемијата со коронавирусот.

Да потсетиме, Спадафора веќе неколку пати даде јавна поддршка да биде прекинато италијанското првенство поради опасниот вирус, кој зема многу човечки животи.