Италијански репрезентативен напаѓач понуден на Манчестер Јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од редовите на Манчестер Јунајтед се во потрага по напаѓач за перманентен ангажман во летниот преоден рок.

Јасно е дека предност за останување на „Олд Трафорд“ ќе има Одион Игало кој играше одлично по неговото доаѓање во клубот на позајмица од Шангај, но од клубот ги оставаат отврени опциите за ангажман и на друг напаѓач.

„Калчомеркато“ пишува дека на Манчестер Јунајтед му бил понуден напаѓачот на Торино, Андреа Белоти. Репрезентативецот на Италија е далеку од формата која го красеше пред неколку сезони и токму затоа неговиот агент сега упорно го нуди клиентот на големите клубови, наместо тие да тропаат на негова врата.