Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Министерот за спорт во Италија, Винченцо Спадафора најави продолжување на мерките кои беа воведени пред две недели.
Италјанците планираа на трети мај да продолжат со првенството во Серија А, но Спадафора најави дека такво нешто нема да биде можно.
„Фудбалот нема да почне повторно на трети мај. Тимовите од Серија А веќе згрешија кога беше време за запирање. Мораат да разберат дека нема ништо да биде како претходно. Уште долго ќе ни недостигаат некои работи. Утре ќе предложам продолжување на блокадите на спортските натпреварувања за цел април, а таа мерка ќе се прошири и на тренинзите, на кои досега не интервениравме. Спортот не е само фудбал и фудбалот не е само Серија А“, вели Спадафора.