Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Откако пред неколку дена премиерот Џузепе Конте зборуваше за можноста на враќање на теренот и попуштање на мерките, на прославата меѓу Италијанците набрзо им дојде крајот.
Министерот за спорт на Италија, Винченцо Спадафора, кој беше оптимист во текот на цело време, сега тврди дека се блиску до француското сценарио и дека лигата најверојатно нема да продолжи.
„Дали ќе продолжи Серија А? Ако сакаме да го победиме коронавирусот, мора да ги следиме примерите на Холандија и Франција. Искрено, такво сценарио е и кај нас блиску. Што се однесува до враќање на спортистите на тренинзите, тука нема толку проблеми, но играњето на натпревари е различно. Да сум на место на претседателите на клубовите, би почнал да мислам на следната сезона“, кажа Спадафора.