Италијанските медиуми тврдат дека Витсел преминува во Италија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесоа денеска дека Аксел Витсел својата кариера ќе ја продолжи во Серија А.

Како што пишуваат медиумите во Италија овој белгиски фудбалер се наоѓа на чекор од Наполи.

Наводно,  Витсел веќе ги договори сите услови со овој клуб, и да потпише го делат само лекарски прегледи.

Наполи за услугите на овој играч на Зенит треба да плати околу 20 милиони евра со дополнителни бонуси во текот на првата сезона.

Како што пишува Фудбал Италија, овој играч со Наполи треба да потпише договор на четири сезони.

Иако се зборуваше на почетокот дека најверојатно ќе премине во Рома, челниците на Наполи беа најконкретни и одма остварија контакт со Витсел.

Белгиецот не сакаше да открие каде ќе игра во наредната сезона, но потврди дека ќе го напушти Зенит.