Италијанците будно ја следат ситуацијата: Барселона ја одреди цената за „пропаднатите инвестиции“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Едно од големите разочарувања по прашање на трансферот на Барселона секако е купување на Андре Гомеш од редовите на Валенсија.

Летото 2016. година „Каталонците“ издвоија 40 милиони евра за тогаш еден од најдобрите играчи на Валенсија и Примера, но Португалецот воопшто не се снајде на „Камп Ноу“.

На почетокот на оваа сезона следеше позајмица во Премиер лигата, поточно во редовите на Евертон каде Гомеш успева да потсети на старите денови.

За тимот од „Гудисон Парк“ осигра 26 натпревари во најсилната лига на Англија, за потсетуваеше „Карамелите“ по декласирањето на Јунајтед го заземаат осмото место на табелата.

Барселона по истекот на едногодишната позајмица ќе гледа да се ослободи од Португалецот, но по се судејќи ќе работи со губиток.

Според пишувањата на неколку медиуми, Каталонците би прифатиле и 20 милиони евра за Португалецот, што е двојно омалку од она што го вложиле во него.

Заинтересирани страни има, покрај Евертон кој сака да го задржи за постојано, како потенцијални купци се јавија екипите од Аерија А како Интер, Рома и Лацио кои можат да си дозволат ваков трансфер.