Италијанец ќе слета на „Олд Трафорд“: Јунајтед сака еден од најдобрите играчи во лигата


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Манчестер Јунајтед сериозно работи на потенцијален трансфер на Сандро Тонали, пренесуваат англиските медиуми. Италијанскиот репрезентативец е високо ценет во редовите на „црвените ѓаволи“, кои во него гледаат клучно засилување за средниот ред.

Раководството на клубот од „Олд Трафорд“ внимателно ја следи ситуацијата околу играчот, кој во моментов настапува за Њукасл Јунајтед. Иако трансферот нема да биде лесен, со оглед на неговата важност во тимот, Манчестер Јунајтед е подготвен да вложи сериозни напори за да го реализира овој ангажман.

Тонали важи за еден од најквалитетните играчи за врска во Европа, познат по својата борбеност, одлична техника и способност да ја контролира играта.