Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Францускиот играч за врска, Адриен Рабио веројатно е најголемиот губитник во оваа сезона бидејќи веќе половина година е надвор од сите комбинации во ПСЖ.
Се започна со почетокот на оваа сезона кога Рабио одлучи да потпише нов договор со ПСЖ, и беше јасно дека целта му е ова лето клубот да го напушти како слободен играч.
Рабио најмногу се поврзуваше со Барселона и се чинеше дека тука се е готово, но се пропадна бидејќи неговата мајка бараше преголема сума на пари. Неговата мајка исто така и негова менаџерка, во овој ангажман не се покажа најдобро.
Откако Барселона се откажа од него Рабио имаше уште понуди од други клубови, а најголем интерес покажа Јувентус. Изминативе денови се шпекулираше дека тука се е готово и дека тој наскоро ќе пристигне во редовите на „Старата дама“.
Но, Газета дело Спорт објави денес дека тука се е пропаднато, и дека неговата мајка тука е повторно виновник. Како што се наведува, таа барала од Јувентус огромна плата за својот син дури повеќе и од Марио Манџукиќ.
Познато е дека Барселона му нудеше 10 милиони евра годишно бидејќи ќе дојде како слободен играч, но потоа неговата мајка побара 15 милиони евра поради што каталонскиот клуб се откажа од неговото пристигнување.
Речиси исто направи и во преговорите со Јувентус бидејќи е јасно дека Старата дама не сака да се натпреварува околу цената, и нивната понуда е јасна. Доколку Рабио не ги земе работите во свои раце на крајот може и тоа како да се покае.