Итен состанок во Мадрид: Реал разговара за иднината на Азар и уште четири ѕвезди


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид го купи белгискиот репрезентативец Еден Азар за 103 милиони фунти во 2019 година, но тој не ги оправда очекувањата на шпанскиот гигант.

Азар пропушти дури 430 дена во Мадрид поради повреда, а според „Марка“ тој е еден од петте фудбалери за кои дискутираат главните луѓе на клубот.

Напаѓачите Маријано Дијаз и Лука Јовиќ се на листата за продажба, поради тоа што клубот сака да го ангажира Килијан Мбапе на слободен трансфер ова лето.

Дани Себаљос е уште еден фудбалер кој треба да си замине од Арсенал, како и заборавениот Хесус Ваљехо.

Ова е листата со фудбалери кои ќе бидат продадени за да може да се финансира трансфер на Аурелиен Чуамени од Монако, кој игра фантастично во Лига 1.