Ива Пројковска главен судија на Реал Мадрид - ПСЖ во женската Лига на шампионите

Женски фдбалси сдиа FIFA - UEFA Women

Македонската фудбалска судијка Ива Пројковска доби ново големо делегирање од УЕФА. Таа е одредена за главен судија на натпреварот од првото коло од лигашката фаза во женската Лига на шампионите меѓу Реал Мадрид и Пари Сен Жермен.

Дербито меѓу шпанскиот и францускиот првак е закажано за 22 септември во Мадрид, на стадионот Алфредо Ди Стефано. Пројковска е дел од листата од 20 елитни женски судии во Европа, а оваа задача доаѓа по неодамнешниот семинар во Женева на кој учествуваа најдобрите судијки на континентот.

На теренот ќе ѝ помагаат Елена Соклевска-Илиевска и Дијана Варага Араја од Литванија. Четврта судијка е Сабина Болиќ од Хрватска, а контролор на судењето е Германката Кристина Батингер.

Извори: Екипа, Real Madrid.

Извор: Wikimedia Commons / Visem / CC BY-SA 4.0