ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Горан Иваниќевиќ е во Умаг, тенисот е секако најважната тема, а финалето на Вимблдон е приказната број 1. Јаник Синер пред девет дена го победи Карлос Алкарас со 3:1 во сетови.
– Тоа беше едносмерно финале – пренесува “Гол” неговите зборови на хрватската телевизија. – Синер беше подобар и според мене моментално е малку подобар играч од Алкарас, а тие двајцата се за пет чекори пред сите. Единствениот кој можеби може да се бори со нив е Новак Ѓоковиќ, но другите немаат шанса.
Синер го победи токму Ѓоковиќ во полуфиналето со 3:0 во сетови.
– Ако против Синер не играш со 100 проценти можности, а и кога играш, шансите ти се мали. Мислев дека Новак може, но за жал не беше целосно подготвен. Ѓоковиќ е најголемиот тенисер на сите времиња, но тоа што го прават Синер и Алкарас е на другo ниво во тенисот.
Фото: Грок AI