Иванишевиќ има нов ангажман, ќе го тренира поранешниот трет светски тенисер


Финале во Лига на Шампиони: Младиот ПСЖ против искусниот Интер! ↓↓↓


Грчкиот тенисер Стефанос Циципас одлучи да направи промени во својот стручни тим поради нешто послаби резултати, па затоа за нов тренер го ангажираше Горан Иванишевиќ, поранешен тренер на Новак Ѓоковиќ.

Нивната прва соработка започнува на тревниот турнир во германскиот Хале, кој се игра од 16 до 22 јуни, а воедно претставува важна подготовка за Вимблдон.

До крајот на минатата година Циципас го тренираше неговиот татко Апостолос, но потоа беше заменет од Димитрис Хаџиниколау. Со доаѓањето на Иванишевиќ, 26-годишниот Грк се надева на враќање во форма и подобар пласман на најголемите турнири.

Фото: Принтскрин