Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Познатиот хрватски тенисер Горан Иванишевиќ зборуваше за Новак Ѓоковиќ како најдобриот на сите времиња и како личност која „размислува со своја глава“.
Иванишевиќ беше тренер на Новак долг период и добро го запозна, и како личност и како играч.
Иванишевиќ вели дека Новак е единствениот кој се осмелува да каже она што другите само го мислат и дека тоа е причината што често е на мета на западните медиуми.
„Тој го кажува она што другите го мислат, но не се осмелуваат да го кажат. Беше подготвен да ја ризикува својата кариера поради вакцината. Не сакаше да биде вакциниран, а сега зборуваат како вакцината во секој случај е штетна. Ниту еден спортист од негов ранг не беше толку мета како Новак. Бев со него и знам како беше. И сето тоа зашто размислува со својата глава. Никогаш на никого не му рече да не се вакцинира. Организираше турнир во Белград каде што и самиот организираше вакцинација за учесниците. Секоја негова изјава е контроверзна за западниот свет. Само затоа што ја кажа вистината, а вистината понекогаш боли“.