Иванишевиќ: Синер е фаворит, но моите пари би ги ставил на Ѓоковиќ!


Никогаш не мислев дека ќе зборам за мојата состојба на поткаст! ВТОРНИК/20:00 часот ↓↓↓


Горан Иванишевиќ, поранешен хрватски тенисер и тренер на Новак Ѓоковиќ, смета дека првиот рекет во светот Јаник Синер е фаворит за освојување на титулата на Австралискиот опен.

Иако е уверен дека Италијанецот е главен кандидат за титулата на првиот Гренд слем во сезоната, не си дозволува да го отпише Ѓоковиќ.

„Може да освои Гренд слем. Синер е фаворит, тој моментално е најдобар. Но Новак е Новак. И кога е присутен на теренот, секогаш ставам пари на него“ , рече Иванишевиќ.