Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот хрватски тенисер Горан Иванишевиќ во интервју со новинари даде коментар за еден од неговите најголеми ривали во минатото, Пит Сампрас.
Иванишевиќ открива дека Сампрас го нервирал повеќе пати и жали што некои натпревари не ги одиграл на поинаков начин против Американецот.
„Жалам што не одиграв поинаку против Сампрас. Тој ми ги уништи соништата. Не можев да спијам поради него, многу ме нервираше. Морам да признаам дека сум среќен што играв во ерата на Сампрас и Агаси. Тој важи за еден од најдобрите тенисери во историјата. Ми уништи 20 години од животот, но јас го почитувам“, кажа Иванишевиќ.