Ивановски го има најдобриот пласман во кариерата на АТП-листата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски вчера скокна дури 69 позиции на АТП-листата и стигна до 541. место во светот.

Ивановски пред една недела го освои третиот трофеј во кариерата, откако беше најдобар во Мадрид, а потоа беше елиминиран од Павел Неједли во првото коло во Словачка, но и покрај тоа забележа голем скок на АТП-листата.

Прв на листата е Карлос Алкараз, по што следи Рафаел Надал, па Каспер Руд, Стефанос Циципас и Новак Ѓоковиќ.