Ивановски го освои фјучерсот во Скопје


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот тенисер Калин Ивановски славеше во финалето на фјучерсот во Скопје против Саша Вејенбург од Франција со 2-0 во сетови, односно 7-6 и 6-4.

Македонецот во првиот сет беше подобар во тај-брејк со 7-2, а во вториот направи брејк кој му помогна да стигне до 6-4.

Ивановски го освои четвртиот трофеј во кариерата, односно прв во Скопје и така заработи нови 25 бодови со кои го очекува напредок на АТП-листата која ќе биде објавена утре.